Европски купови
Лазаров: Заслужено ја поминавме оваа пречка, но…

Тимот на Алкалоид ја доби и втората пресметка со Бриксен од Италија и со тоа избори пласман во четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ.
Алкалоид на вториот дуел постигна 38 гола и со вкупен резултат 82:63 обезбеди место меѓу најдобрите осум во ова натпреварување. Тренерот Кирил Лазаров и кружниот напаѓач Марко Стојковиќ се задоволни од победата, изборениот билет за наредната рунда, но во исто време двајцата потенцираа дека има работи кои мора да поправат.
-Мислам дека заслужено ја поминавме оваа осминафинална пречка, со една брза и полетна екипа, можеби немаше противникот ротација, но тие осум до девет играчи играат квалитетно, тоа се увиде во првото полувреме. На Бриксен му фалеа два до три играчи за да издржи да се носи. Ние го скршивме мечот во 35 минута, се сврти резултатот кон нас. Во првото полувреме во дадени ситуации реагиравме пребрзо, правевме грешки и тоа мора да го поправиме во иднина, -истакна Лазаров.
-Одигравме одличен дуел. Почнавме добро, беше тесно до 35. минута. Играме брзо, ние влечевме исто, во вториот дел го вративме резултатот во наша корист. Имаме уште многу да поправаме за да го кренеме нивото, -порача пак Стојковиќ.
Ждрепката за 1/4 финалето е закажана за во вторник.
-
Формула 111 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија20 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони23 часа
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија22 часа
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Шпанија23 часа
Луд меч на Муричи во Шпанија: Си даде автогол, промаши пенал, па донесе победа за Мајорка во 97 минута (ВИДЕО)