Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров за својот „втор брак“ во животот: Се оженив со Љубица, но националниот тим за мене….

Објавено

на

blank

Кирил Лазаров неодамна беше назначен за нов селектор од страна на Управниот одбор на ракометната Федерација на Македонија, по што и официјално се преточија во реалност сите најави и шпекулации кои кружеа во јавноста.

Идејата на легендарниот македонски „бомбардер“ е барем уште една година да ја извршува функцијата играч-тренер, а потоа комплетно да се насочи кон новата функција и задача која ја доби, а за која вели дека му претставува посебен предизвик.

Македонскиот капитен направи навистина опширно интервју за ЕХФ и во истото говореше за својата љубов кон националниот тим од кој е дел повеќе од 20 години, заклучувајќи дека македонскиот дрес за него претставува светост и негов „втор брак“ во животот.

– Јас стапив во брак со Љубица, но чувстувам дека се оженив и со националниот тим, како да сум во втор брак. За мене националниот тим е како врска. Толку долго сме заедно и кога сме далеку еден од друг, двајцата сме несреќни. Играњето за мојата земја е светост, а кога си капитен, тоа чувство е уште поголемо.

– Ова не се случи преку ноќ, не се случи поради тоа што сум Кирил Лазаров. Секогаш ме прашуваат каков тренер ќе бидам, каков ќе бидам како селектор? Ги имав Червар, Душебаев, Пасквал, сите тие имаа огромно влијание врз мене, не само како играч, туку и како човек. Сите тројца доаѓаат од различни места, имаат различни позадини. Сега јас сето тоа треба да го преточам во едно и да креирам свој сопствен модел. Сега е време да ги извадам сите забелешки од изминатите 20 години, се она што запишував. Тактики, спортска психологија, мотивација, да останете на врвот и да победувате. Сите мои идеи се запишани, – потенцира Кире во интервјуто за ЕХФ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни