Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров за дуелот со Катар: Очекувам уште едно издание на високо ниво

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација веќе се подготвува за следниот ривал на актуелното Светско првенство, а тоа подразбира дуел во Вараджин со селекцијата на Катар.
За нашата селекција ова ќе биде нова можност да се брка прва победа во оваа втора мундијалска фаза, а натпреварот го дочекуваме по борбеното реми со Австрија и со два бода повеќе од противникот.
Селекторот Лазаров денеска во неколку реченици ги истакна своите очекувања од дуелот со Катар, кој е закажан за од 15:30 часот.

– Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство.

– Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Не очекува уште еден неизвесен натпревар.

– Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво, а ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат, – вели Лазаров пред вториот натпревар од втората фаза.

Вујовиќ: Лазаров можеше да повика и подобри играчи, но Македонија направи исчекор кон модерен ракомет!

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни