Светски првенства
Лазаров за „Дерби“: Немавме среќа во ждрепката, но мене ме загрижува друга работа

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, кој во моментов го спроведува новото издание на неговиот ракометен камп во Охрид, за „Дерби“ го даде своето прво видување по денешната ждрепка за Светското првенство во Германија и Данска.
Македонија ќе игра во Минхен, но доби незгодни противници, а нашиот најдобар ракометар смета дека мора да го прошириме нашиот ростер, упатувајќи јасна порака до помладите ракометари кои во моментов настапуваат на Медитеранските игри во Тарагона.
– Немавме многу среќа во ждрепката. Добивме квалитетни и незгодни европски репрезентации. Доколку не го прошириме нашиот ростер со квалитетни играчи кои ќе поделат квалитетна минутажа и одговорност, не можам да бидам голем оптимист. Уште повеќе ме загрижуваат слабите игри на оние кои ја сочинуваат оваа „медитеранска репрезентација“ и поразите од Турција и Египет, бидејќи во таа репрезентација имаме седум репрезентативци од А селекцијата. Ќе се обидеме да се подготвиме квалитетно и да го дадеме нашиот максимум,- истакна нашиот капитен за „Дерби“.
Како што е познато, од овој ракометен „Мундијал“ ќе се бараат и патниците за Летните олимписки игри во Токио 2020 година, поради што пласманот меѓу осумте најдобри на крајот ќе биде од клучно значење за настап на квалификацискиот турнир.
-
Шахпред 11 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 11 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 15 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 9 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Светпред 13 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Германијапред 10 часа
Матеус пронајде „нов Халанд“ во Бундеслигата: Се работи за роден голгетер (Видео)