Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров за „Дерби“: И во Виена очекувам да играме „како дома“

Објавено

на

Македонија минатиов викенд беше делегирана во групата Б од европското првенство во ракомет 2020 година, а фактот дека се најдовме во натпреварувачка зона со Чешка, Украина и Австрија ги подгреа навивачките надежи.

Од друга страна, капитенот на државната селекција, Кирил Лазаров, во кусото интервју за „Дерби“ по овој повод, останува воздржан и одмерен.

ДЕРБИ: Ждрепката од повеќемина е оценета за добра, но она што е интересно дека вкрстуваме со Група А, каде што исто така имаме противници во наш ранг (Србија, Црна Гора, Белорусија, Хрватска)?

– Секогаш треба да се оди натпревар по натпревар. Ждрепката е комплетно поволна, но за нас најважен ќе биде првиот натпревар со Украина. Ништо друго не треба да не интересира во овој момент.

ДЕРБИ: Сметаш ли дека има и нешто подобро од самата ждрепка?

– Добра вест е што и Еурофарм како наш клуб ќе игра во Лига на шампиони, а воедно и во СЕХА лигата. Во овој клуб сега има неколку нашио репрезентативци, кои ќе можат да достигнат добра форма преку квалитетни натпревари. Со тоа очекувам и да се подигне нивото на репрезентацијата.

ДЕРБИ: Очекуваш ли македонските навивачи да ви дадат повторно силна поддршка во Виена?

– Секогаш сме имале фантастична поддршка од „фалангата“, верувам дека ќе биде така и во овој случај. Сигурен сум дека ќе се чувствуваме како да играме дома, особено против Украина и Чешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни