Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров: Врањеш има една предност, но не одиме со бело знаме на терен

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација утре ќе отвори уште едно големо натпреварување, кога во вечерната програма од 18:00 часот ќе ги одмериме силите со селекцијата на Словенија која влегува како фаворит во оваа пресметка.

Покрај играчкиот кадар, Словенија ќе биде во подобра ситуација и поради проблемите кои настанаа во нашиот тим поради коронавирусот, што за жал е една од темите за разговор кај селекторот Кирил Лазаров пред првиот настап на Европското првенство кое за нас започнува во Дебрецин.

– Со оглед на тоа што втора година живееме во корона услови, бевме подготвени за вакво сценарио. Едноставно бев психолошки подготвен како да изреагираме доколку дојдат позитивни случаи. Секако дека не е сеедно, но немаме други избор, треба да ја прифатиме ситуацијата бидејќи има селекции кои имаат и поголеми проблеми од нас.

– Слушнав дека Французите и Србите се жалат за условите во Сегедин, но кај нас во хотелот нема такви проблеми. Добивме поединечни соби за да се заштитиме од вирусот и се во добар ред. Можеме подобро да се изолираме и да се заштитиме, – нагласи Лазаров на средбата со новинарите, на која го анализираше и првиот противник.

– Словенија има навистина силна репрезентација и низа на играчи кои настапуваат во големи европски клубови. Селекторот на Словенија е добро познат, но Врањеш има предност бидејќи на располагање го има цел тим и располага со играчите само на детали. Тие имаат играчи кои цела година работат со врвни тренери и се работи само на детали. Ние сме Македонија, знаеме што имаме и сигурно нема да се предадеме. Не излегуваме со бело знаме, сакаме да се најдеме во вториот круг. Тоа би бил огромен успех со оглед на групата која ја добивме. Подготвени сме да дадеме се, а дали тоа ќе биде доволно ќе видиме утре на теренот, – додаде селекторот и капитен на селекцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни