Лазаров: Во Нант не е сончево како во Македонија и Барселона, имаме добар тим и титула, па…

kire dodava

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров во оваа натпреварувачка сезона ќе биде дел од екипата на Нант со која веќе освои еден значаен трофеј „Трофејот на шампионите“ победувајќи ги Монпелје и Пари Сен Жермен.

Овој пехар е многу значаен и според Кире ќе им овозможи да го тргнат притисокот од своите плеќи и можат полесно да дојдат до зацртаните цели.

-Сакаме да бидеме успешни во сите натпреварувања. Имаме добар тим како Монпелје и Сан Рафаел, ама ПСЖ е голем фаворит. Ама ние веќе имаме една титула и тоа ќе ни помогне да се ослободиме од притисокот. Ќе биде полесно да тренираме и да и пристапиме на оваа сезона, -вели Кире за официјалниот веб сајт на француската лига.

Ветеранот воедно посочи оти интензивно го изучува францускиот јазик за да што подобро се разбере со колегите на теренот.

-Ова беше класично лето, со подготовки. Подготовките со оглед на мојата возраст се тешки.Оваа година открив нов град, нов тим. Тука има помалку сонце од Македонија и Барселона, ама сум задоволен во моментов. Се уште ми треба време да го научам францускиот јазик зошто кога играте во тим морате да го знаете истиот јазик. Ќе направам се за да дојдам до тоа ниво. Гурбиндо кој го знам од Барселона ми помага, како и Давид Балагер кој го сретнав во Барселона. Исто сум близок со играчите од Балканот, но и со Французите кои ги имам запознато за време на кариерата. Сите ми помагаат, важно е да се има добра комуникација која треба да биде пренесена на теренот, -посочува бекот.

Facebook Коментари