Европски првенства
Лазаров во интервју за „Индекс“: Не се исплати да плачеме, првенството е чудно и нерегуларно

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров во интервју за хрватски „Индекс“ даде свое видување за случувањата на Европското првенство.
Лазаров меѓу другото го коментираше и настапот на македонската селекција, а нагласи дека ова првенство поради целата збрка со коронавирусот е чудно и нерегуларно.
Според Лазаров нема време за плачење по нашиот настап на континенталниот собир и посочи дека во моментов е најважно да се гледа напред.
– Тргнавме во процес на подмладување на репрезентацијата. На последното тестирање пред заминувањето на Европското првенство дури седум важни играчи беа позитивни, а поради повреди останавме без тројца важни играчи (Манасков, Маркоски, Лазаров). Така што несреќниот ковид не натера, сакале или не, да играме со деца.
– Имав шест играчи со 20 години во составот и повторно до 59. минута бевме во егал со Словенија и Црна Гора. Не се исплати да плачеме. Во денешно време било која ситуација се толкува на поинаков начин, секој ја толкува онака како што му одговара. Најважно е да не ја загубиме главата во овој хаос. Мора да ја прифатиме ситуацијата и да гледаме напред, -порача Лазаров.
Кире потоа ја посочи Данска како најконстантна селекција на ова првенство, притоа додаваќи дека скандинавците се единствената селекција која немала големи проблеми со ковидот, па токму затоа ова првенство е чудно и нерегуларно.
– Данците добро играат. Моќни се, играат силно и поминуваат се без никакви проблеми. Французите добро се држеа, но мислам дека паднаа. Секоја репрезентација освен Данска имаше многу проблеми во разни моменти и затоа мислам дека ова првенство е чудно и нерегуларно, -заврши Лазаров во интервјуто за „Индекс“.
-
Македонијапред 18 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 23 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)