Репрезентација
Лазаров влегува како умерен оптимист на мундијалот во Хрватска: Знаеме дека ќе имаме „осми играч“ во Вараждин!
Кирил Лазаров повторно ќе биде дел од еден голем ракометен настап, со тоа што веќе се навикна тоа да го прави во улога на селектор на македонската ракометна репрезентација.
Македонија го продолжува континуитетот со настап на најсилните натпреварувања и овој јануари ќе биде дел од Светското првенство, турнир кој нашата селекција ќе го игра во Вараждин во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Лазаров како селектор на националниот тим денеска направи најава за очекувањата кои ги има пред големиот настан, потенцирајќи пред присутните новинари дека гледа на целиот развој на настаните како „умерен оптимист“.
– Мило ми е што ја израдувавме македонската јавност со победата над Фарски Острови и што се пласиравме на ова значајно Светско првенство за нас. Имаме еден континуитет кој датира од 2012-та година па се до денеска, тоа е страшна низа за една вака мала држава. Имаме 14 големи натпреварувања во низа, а со тоа не можат да се пофалат нашите соседи од Балканот. Сметам дека ова е голем резултат за Македонија, а се надевам дека ракометот ќе продолжи да се развива во иднина.
– Имавме две позитивни искуства од турнирите во Хрватска во 2009-та и 2018-та година, се надевам дека така ќе биде и сега. Знаеме дека ќе имаме голема поддршка од нашите навивачи, тие можат да бидат нашиот осми играч. Нашите фанови ја познаваат ракометната игра и знаат да ни дадат голема поддршка во клучните моменти.
– Како селектор можам да кажам дека сум умерен оптимист познавајќи го нашиот менталитет, но и квалитет. Ја променивме генерацијата, имаме млади играчи кои допрва треба да го покажат својот квалитет, но овие ракометари се одлични и изградија и карактер. Сметам дека македонскиот ракомет е на добар пат и дека допрва ќе гледаме уште големи успеси, – изјави Лазаров.
-
Англија23 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП17 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија16 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија20 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија19 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)