Поврзете се со нас

Светски првенства

Лазаров: Верувавме во чудо, ова не беше добро ниту за нас, ниту за нашата држава

Објавено

на

Македонската репрезентација одигра под своето ниво на двата досегашни натпревари на Светското првенство во Египет, прво загубивме од Шведска со 32-20 за да потоа домаќинот не тресне со 38-19.

Ова секако донесе многу реакции во македонската јавност, но секако најтешко им е на ракометарите особено на капитенот Кире Лазаров кој со години е вистински лидер на оваа репрезентација. Членот на Нант не може да поверува што ни се случи пред се во дуелот со Египет, пресметка на кое се надевавме дека ќе се подигнеме и прикажеме во подобро издание по лошото отварање на шампионатот.

-Не сме задоволни од двата порази, особено од она што се случи на нашиот натпревар против Египет. Не е добро да се загуби со толкава разлика. Дојдовме да се бориме до крај во овој меч, верувавме дека можеме да направиме чудо, ама не одигравме на нивото на кое се надевавме. Не сме задоволни со поразот со 19 голови. Се разбира, ова не беше добро за нас и за нашата земја, -рече Лазаров кој не сака во моментов да говори за неговата иднина.

Не можам да предвидам во овој момент што носи иднината. Сакам да уживам во овој момент и да имам доволно време да размислам и донесувам одлуки. Сега сум со својата репрезентација која ме избра да ја претставувам и да и помагам. Повеќето од тимот се млади играчи на кои им недостасува искуство. Верувам дека можам да им помогнам да стигнат до главната рунда. Натпреварот против Чиле е многу важен и имаме шанса да одиме во главната рунда, -дополни Кире.

Средбата Македонија-Чиле се игра уште од 15:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни