Европски првенства
Лазаров трогнат од сцените во Дебрецин по поразот од Данска: Ова не беше филм…….

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов
Кирил Лазаров имаше опширна изјава пред македонските новинари кои беа присутни во Дебрецин, а како најсветла точка на целиот овој турнир сигурно ќе остане запаметена „фалангата“ која одново беше на висина на задачата и во огромен број на секој меч.
На крајот од натпреварот се виде една убава слика и репрезентативците беа испратени со аплаузи од македонските навивачи и покрај поразот од Данска, сцена која Лазаров вели дека треба да им даде потстрек да се работи уште понапорно и подобро за да се дојде до посакуваното ниво и да се одреди вистинскиот ростер на селекцијата.
Селекторот Лазаров вели дека клучна цел е да оформи тим од 20 до 22 играчи кои ќе бидат носители на секое големо натпреварување, а интересно даде одговор за тоа дали ќе и помогне на репрезентацијата како играч на претстојниот бараж за Светското првенство.
– Им реков на колегите од стручниот штаб, ние имаше нешто неверојатно, имаме неверојатно богатство. Ова не беше филм, ние имаме навивачи кои не поддржуваат толку многу години, издвојуваат средства за да дојдат на било кое место. Од срце сум им благодарен. И покрај поразот, почувствував енергија која е навистина позитивна и тоа им го пренесов на моите колеги од стручниот штаб. Ова е добар знак, а наше е да продолжиме да се бориме, да работиме и да дојдеме до ниво кога ќе бидеме конкуренти на големо натпреварување.
– Ако ме служи здравјето, ќе играм на баражот за Светското првенство. Искрено, многу се подготвував за Европското првенство и ми беше жал што не играв. Со оглед на тоа што ни се случи, добро се држевме до седмиот ден, а потоа се распаднавме. Како селектор сега имам потешка задача, треба се добро да изанализирам и во наредниот период да изберам од 20 до максимум 22 играчи кои ќе не водат на големи турнири, – изјави Лазаров.
-
Шпанијапред 23 часа
Сестрата на Роналдо се навреди од ироничната порака на Перез и дрско му одговори на Инстаграм (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 19 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 16 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Англијапред 17 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Светпред 14 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Шпанијапред 15 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Шпанијапред 22 часа
Барди се прости од Леванте како голем џентлмен и со крајно емотивни зборови: Сакав да биде поинаку…. (Фото)