Поврзете се со нас

Светски првенства

Лазаров со рекорд за историските читанки го заокружи настапот на СП

Објавено

на

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров беше најдобар наш играч на денешниот меч против Белорусија на Светското првенство во Египет.

Членот на Нант беше автор на седум погодоци и беше прогласен за играч на натпреварот и покрај тоа што ние го загубивме овој последен меч на мундијалот. Овој денешен настап на Кире воедно донесе и еден рекорд, тој дојде до 500. гол во дресот на Македонија на големите натпреварувања.

Неговиот седми погодок против Белорусите беше 318 за Македонија на мундијалите или вкупно 500 во националиот број.

Оваа бројка, рекорд на Кире тешко дека ќе може да биде надминат во иднина, меѓутоа тоа треба да биде мотивација, инспирација за младите македонски играчи и секако новите генерации кои доаѓаат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни