Европски купови
Лазаров со неодбранлива „бомба“ во последните секунди му донесе голем бод на Нант (Видео)

Кирил Лазаров ја игра својата последна сезона во долгогодишната кариера, а оваа вечер, македонскиот капитен и селектор уште еднаш ја покажа својата класа во петтата деценија од животот.
Нант се избори за голем бод на гостувањето во Данска кај ГОГ, пред се благодарение на нашиот Лазаров кој одново демонстрираше дека поседува топ во левата рака.
Иако го одигра само второто полувреме, Лазаров се покажа како клучен за гостите од Франција, бидејќи го постигна и клучниот гол за 29:29 со „бомба“ во свој карактеристичен стил.
Кире го заврши мечот со пет реализации и доволни му беа само 30 минути за да биде втор најдобар реализатор во тимот, веднаш зад Бриет кој погоди шест пати.
Со ова реми, ГОГ и Нант остануваа на делба на второто место, односно имаат еден бод помалку од Лемго во групата Б во Лигата на Европа.
-
Шпанијапред 24 часа
Иско испрати јасна забелешка до Зидан и Анчелоти на промоцијата во новиот клуб во Ла Лига
-
АТПпред 19 часа
Видео на денот: Федерер му го исполни сонот на фанот кој му постави неверојатно прашање пред пет години
-
Италијапред 20 часа
Ајнтрахт остана без главната ѕвезда за дуелот со Реал, Германците му договорија трансфер во Јувентус (Фото)
-
Шпанијапред 21 час
Модриќ режираше магии на завршната подготовка пред Суперкупот во Европа (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Манчестер Јунајтед се откажа од Арнаутовиќ, Македонец главен „виновник“ за пропаднатиот трансфер
-
Италијапред 23 часа
Бесен италијански репрезентативец тргна да се тепа со навивач на Сасуоло (Видео)
-
Светски првенствапред 14 часа
Германска легенда најави дека ќе го бојкотира СП во Катар
-
Германијапред 20 часа
Левандовски: Баерн има еден специјален талент како што Барса ги има Педри, Гави и Ансу Фати