Европски купови
Лазаров: Со мислите ќе бидеме во Битола, но мора прво да си ја завршиме задачата

Македонскиот ракометен прволигаш Алкалоид е пред пласман во четвртфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ, но за тоа е потребно да одработи уште една задача, реваншот со Бриксен.
Алкалоид беше доминантен на првото соочување во Италија и славеше со 12 разлика (44:32), ама без разлика на тоа клубот од Автокоманда бара нов европски триумф со кој на најдобар начин ќе го најави престојното дерби со Еурофарм Пелистер во Битола.
-За мене малку неочекувано во овој период на годината, дојдовме до висока и убедлива победа прротив квалитетен ривал од Италија. Знаеме дека нивниот ракомет е во подем како репрезентативен така и клупски, така што високата гол-разлика е неочекувана. Одигравме еден квалитетен меч, ни одеше се од рака и резултатот од Италија не е реален. Се одлепивме во последните минути, во 50 минута беше само четири гола предност, па така нема да го потцениме ривалот, иако можам да кажам дека сме поквалитетен противник од нив.
-Ракометарите одиграа одлично, ни следува реванш во Скопје, со истиот противник. Сакам и очекувам да победиме, заради нашиот рејтинг и македонскиот ракомет. Доста добро се подготвивме за овој натпревар и спремни ќе го дочекаме натпреварот против Бриксен, -рече Кире Лазаров и додаде:
-Искуството ми вели дека треба да се фокусираме на секој следен противник, така што сега ни е Бриксен од Италија. Распоредот е таков и мораме да го прифатиме овој предизвик. Знаеме дека против Еурофарм Пелистер ни следи меч, но мора да одиграме максимално со секого. Се уште немаме одлучено како ќе играме. Ќе видиме како ќе не води мечот, така ќе се однесуваме во сабота. Со мислите ќе бидеме во Битола, но мора прво да си ја завршиме задачата. Не сакам да дојде до некои непромислени работи со кои би ја загубиле самодовербата.
-Доста разговараме на таа тема, затоа што имаме голема предност. Посакуваме да добиеме понеатрактивен ривал, во еден сад мислам дека има понеквалитетни ривали, иако сите што се во ТОП-8 се квалитетни и на високо ниво, од нивото на Европската лига на ЕХФ, -заклучи предводникот на Алкалоид.
Мечот е закажан за в сабота од 18 часот.
-
Балкан20 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
Балкан22 часа
Минутата молк на „Маракана“ ги вклучи и трагично настраданите во Кочани, српскиот коментатор се расплака (Видео)
-
Лига на нации21 час
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
Свет24 часа
Маестро Андреа во акција: Пирло со мајсторски гол потсети на своите најдобри времиња (ВИДЕО)
-
Лига на нации9 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации22 часа
Катастрофалната грешка на Австријците ја најави победата на Србија во Белград (Видео)