Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров со емотивна порака се прости од Бошковски: Знаевме и да се скараме, но се сакавме и почитувавме (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот селектор и воедно предводник на РК Алкалоид, Кирил Лазаров со емотивна порака се прости од Андон Бошковски-Доне кој ненадејно почина во 47. година од својот живот.

Македонскиот ракомет завиен во црно: Почина Андон Бошковски-Доне!

Лазаров и Дони многу добро се познаваа, беа блиски и ова заминување дефинитивно го погоди нашиот голем ас.

-Почивај во мир Дондо мој. Реткост е во денешно време да имаш блиску луѓе, а ти ми беше еден од ретките… Многу нефер од твоја страна…

Направивме многу заедно. Знаевме и да се скараме, но се сакавме и почитувавме. Беше многу поквалитетен од тоа што мислеа другите, но тоа не е важно, јас знаев што имам крај себе… Нека ти е лесна земја и светол патот.

Оваа фотографија е од Европското првенсрво во 2012 година, по победата над Словенија за петтото место на прес-конференцијата, кога бевме горди Македонци-, напиша Лазаров во објавата на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kiril Lazarov (@kiril.lazarov7)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни