Поврзете се со нас

Светски првенства

Лазаров со една измена во составот за денешниот натпревар со Романија

Објавено

на

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров направи една измена во однос на составот со кој ги добивме Романците во Скопје.

На реванш пресметката од бараж средбата за пласман на Светското првенство во Букурешт нема да патува младиот  Марко Митев, а на негово место ќе влезе десното крило, Ненад Костески.

Тоа значи дека Лазаров ќе има опција плус по крилните позиции за денешниот натпревар откако во Скопје играше само со Гоце Георгиевски на таа позиција.

Измена ќе има и во романската селекција каде ќе се врати еден од најдобрите тамошни играчи, Хавиер Хумет, Шпанец кој поседува романски пасош и кој игра за Динамо Букурешт.

Натпреварот се игра денеска со почеток од 17:00 часот, а репрезентацијата на Македонија ќе  брани солидна предност од осум гола, стекната од првиот натпревар во Скопје каде славеше со 30:22.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни