Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров: Швајцарците ме испровоцираа, заборавија дека ние ја победивме Данска

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација славеше над Швајцарија со 29-28 во завршниот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Ние и пред дуелот во Скопје имавме обезбедени билет за шампионатот во Унгарија и Словачка, но без разлика на тоа одигравме борбено, квалитетно, без никакви калкулации со што на најдобар можен начин им одговоривме на Швајцарците кои не потценија во најавата за битката во СЦ „Јане Сандански“.

Швајцарците се закануваат: Македонија не е врвна репрезентација, ќе ја победиме ако одиграме како против Данска

Тие порачаа дека ние не сме врвна репрезентација и дека сигурно ќе слават ако одиграат како против Данска. Ова било дополнителен мотив за нашата селекција и тоа може да се заклучи по изјавата на капитенот и воедно селектор, Кирил Лазаров.

-Останавме чесни пред нас, пред нашите семејства и Бога. Се боревме до крај, покажавме карактер, многу ми е драго поради победата и поради навивачите кои ни даваат поддршка. Ме испровоцираа изјавите на Швајцарците пред натпреварот, дека биле блиску со Данска. Очигледно тие заборавија дека ние славевме над Данска, -истакна Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни