Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров селектираше за контролните натпревари со Романија

Објавено

на

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кире Лазаров, денеска го објави списокот на играчи кои се повикани за следниот собир на националниот тим.

Македонија треба да одигра две контролни средби со Романија, а Лазаров повика три нови имиња кои ќе бидат дел од националниот тим во периодот меѓу 11 и 17. март.

Прва можност да настапат за сениорите ќе имаат Иван Галевски, Валентин Карасманакис и Никола Најденовски.

Репрезентативците ќе се соберат на 11. март во Скопје, а двете средби со Романија се закажани на гостински терен и ќе се одиграат на 15 и 16. март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни