Лазаров се врати во тимот, Нант испушти гостинска победа

Lazarov-Zagreb

Кире Лазаров успешно се рехабилитираше по повредата заработена на ЕП во Хрватска и вечерва се врати во редовите на својот клуб Нант и тоа во натпревар од француското првенство.

Нант беше голем фаворит на гостувањето кај Екс, но иако на полувреме водеше со 17:12, дозволи серија на домаќинот и на крајот мораше да се задоволи со еден бод и нерешени 28:28.

Лазаров на својот прв настап по враќањето во тимот постигна 3 гола, а поефикасни од него биле само Клер со 6 и Клајн со 5 голови. И по ова реми Нант останува на третото место на табелата, но сега со седум бодови помалку од лидерот Монпелје.

Facebook Коментари