Поврзете се со нас

Свет

Лазаров се врати, Нант оствари нова победа во Франција

Објавено

на

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, се врати на натпреварите на својот клуб, а Нант денеска оствари гостинска победа против Данкерк (20:25).

Француското првенство денеска донесе две нови средби, а Нант ја оправда фаворитската улога против Данкерк и со подобра игра во вториот дел ги освои бодовите.

Лазаров пред одреден период имаше позитивен тест на коронавирусот, што значеше и вообичаена пауза која помина без проблеми за нашиот репрезентативец, а на своето враќање на натпреварите постигна 2 гола во дресот на Нант.

Најефикасен бил Ривера со 5 голови, а фантастичен натпревар имал и голманот Нилсен со дури 15 одбрани.

Нант во моментов има седум бодови помалку од лидерот ПСЖ, но и три натпревар помалку од составот предводен од Раул Гонзалес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни