Лазаров: Се чувствувам како да одигравме два натпревари

Фото: Филип Вирановски / РФМФото: Филип Вирановски / РФМ

За „Дерби“ од Загреб,
Александар Табаковски

Кире Лазаров повторно беше вистински лидер на македонската репрезентација и еден од најзаслужните што ЕП во Хрватска го започнавме со победа над Словенија.

По натпреварот, Лазаров истакна дека победиле против квалитетна репрезентација, што му дава поголемо значење на овој триумф.

– Задоволни сме, дојдоа многу навивачи, секоја чест за тоа и победата им ја посветуваме ним. Не беше лесно, бевме под голем притисок, знаевме што значи оваа победа. Победивме квалитетна репрезентација која имаше поставена цврста одбрана со високи играчи, имам чувство како да сме одиграле два натпревари денеска.

Лазаров има одговор и за тоа што било решавачко за победата.

– Вакви натпревари го решава срцето, а не физичка подготвеност или тактика. Противникот играше квалитетно, имаа расположен голман, а тоа дава дополнително значење за победата, – истакна Лазаров.

Facebook Коментари