Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона

Објавено

на

Македонската ракометна легенда Кире Лазаров во интервју за „Моцарт Спорт“ зборувал на повеќе интересни теми, вклучувајќи ја и неговата успешна кариера која заврши неодамна.

Лазаров влезе во тренерските води, го води Алкалоид и македонската сениорска репрезентација, а во делот поврзан со играчката кариера, се навратил и на понудата која своевремено ја добил од тогашниот прв човек на Вардар, Сергеј Самсоненко.

– Добив повик од рускиот бизнисмен Самсоненко кога бев член на Атлетико Мадрид, тогаш тој само што дојде во Вардар.

– Беше веќе пролет и јас имав договор со Барселона, но тоа беше тајна и никој не знаеше за тоа.

– Тој ми кажа дека сака најдобриот македонски ракометар да игра во Вардар, направи се што можеше да бидам од тој проект. Но, јас цел живот работев напорно за да добијам шанса во Барселона, отсекогаш навивав за нив. Му реков: Благодарам, но ова е остварување на мојот сон.

– Понудата на Вардар беше подобра на финансиски план, но јас останав четири години во Барса, нешто однатре ми зборуваше дека не смеам да ја пропуштам таа шанса. Ми беше драго што ме повика, подоцна немаше можност, дојде Нант, Вардар почна да се распаѓа и никогаш не го облеков неговиот дрес, – изјавил Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни