Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров: РК Алкалоид нема да поставува возрасна граница, но ќе се фокусира на младите ракометари

Објавено

на

Кире Лазаров веќе подолго време е активиран во работата со млади ракометари во нашата земја, а во иднина ќе биде фокусиран во остварување на амбициите во овој сегмент во рамките на новиот ракометен клуб Алкалоид.

На денешната прес-конференција, нашиот актуелен репрезентативен капитен и селектор најави формирање на нова база млади ракометари, кои во иднина би биле и македонски репрезентативци.

РК Алкалоид ќе работи најмногу со млади ракометари, но на прашање на „Дерби“, Лазаров појасни дека нема да игра ограничувања на возраста на ростерот.

– Не би одредувал бројки, играч може да биде добар и на 40 години.

– Сепак, фокусот ќе ни биде на играчи до 25-26 години, иако нема да поставуваме граници. Дефицитот на натпревари ќе го неутрализираме играјќи пријателски натпревари со најквалитетните македонски клубови, но и со слични клубови во Европа, – рече Лазаров.

– Овој проект е добробит за Македонија, чест е да се учествува, бидејќи зад него стои светски реномирана компанија. Планот е да формираме добра база, бидејќи заостануваме во тој сегмент, а на младите ракометари ќе им овозможиме добар тренажен процес и квалитетен стручен кадар. Се надевам дека ќе изградиме нови македонски спортисти што во иднина со гордост ќе го носат државниот дрес, – изјави Лазаров на денешната прес-конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни