Лазаров со решавачки гол за победа ја заокружи фантастичната партија против Сесон

Lazarov-shut

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, одигра фантастичен натпревар во дресот на Нант, кој вечерва токму со голот на нашиот интернационалец на неколку секунди до крајот, успеа да слави над незгодниот Сесон-Рен со резултат 29:28.

Гостите на полувреме водеа со 15:13, но во вториот дел Нант ја презема иницијативата и постојано водеше, за сепак на две минути до крајот да дозволи неизвесни 28:28. По неколку грешки на двете страни, решавачкиот гол го постигна Лазаров на шест секунди до крајот за конечни 29:28 и многу важна победа за Нант.

Лазаров беше играч на натпреварот со дури 9 голови и реализација од 75 проценти, а зад него беше и расположениот Клер кој постигнал 8 голови. Со овој триумф Нант останува со перфектен скор од 6 победи на 6 натпревари во француското првенство и се наоѓа на врвот на табелата.

Facebook Коментари