Репрезентација
Лазаров реален: Добивме екстремно тешка група, ќе биде нескромно да велиме дека сме оптимисти

Кирил Лазаров денеска наполни 43 години и доби роденденско изненадување од првиот и младинскиот тим на Алкалоид, но набрзо после тоа, македонскиот селектор го дозна и исходот од ждрепката за Европското првенство кое ќе се игра наредната година.
Тренерот на Алкалоид кој работи и како македонски селектор ќе има нов голем предизвик наредниот јануари, но денеска сите дознавме дека ќе има пеколно тешка задача, бидејќи нашата репрезентација се најде во групата А во кој се две ракометни велесили.
Франција и Германија се апсолутни фаворити за освојување на првите две места во групата, а Лазаров во првата своја изјава вели дека главна цел ќе биде Македонија да понуди достоинствена борба против големите великани.
– Добивме екстремно тешка група за Европското првенство. Ќе работиме напорно во наредниот период за да го подигнеме наето ниво во следниот период, се со цел достоинствено да се бориме со светските велесили.
– Ќе звучи навистина нескромно да се биде оптимист во ваква група, но не треба да се губи надеж. Треба да направиме многу жртва и треба голема посветеност за да направиме нова, компетитивна репрезентација со целосна промена во генерациите. Јас верував во овие момци и тоа што го работиме, – изјави Лазаров по ждрепката.
-
Шпанијапред 9 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 12 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 10 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Италијапред 9 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 8 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 5 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 13 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Себалјос покажа како изгледа неговата нога по крвничкиот старт од Акуња (Видео)