Лазаров расположен, Нант лесно го задржа перфектниот скор

kire udar

Кире Лазаров беше еден од најдобрите поединци во редовите на Нант, кој вечерва го победи Иври со резултат 32:24 во натпревар од француското ракометно првенство.

Нант како гостин ги освои бодовите против Иври, со што останува со перфектен скор, односно три победи по три одиграни натпревари во шампионатот.

Лазаров го заврши натпреварот со 4 голови, а поефикасен од него во победничката екипа бил само Балагер, кој стигнал до 7 погодоци. Во редовите на Иври се истакнал Персон со 5 голови од 5 упатени удари.

Facebook Коментари