Европски купови
Лазаров „пукаше“, Нант го елиминираше Фуксе Берлин (ВИДЕО)

Нант на Кирил Лазаров успеа да обезбеди место меѓу најдобрите осум во Лигата на Европа на ЕХФ и тоа откако во првата нокаут рунда му пресуди на бундеслигашот Фуксе Берлин.
Францускиот претставник славеше на домашен терен со 25-24 за да на реваншот во Берлин биде поубедлив и избори триумф од 33-30 за севкупни 58-54 и битка со Магдебург во следната фаза на ова натпреварување.
Еден од најзаслужните за овој резултат на Нант беше нашиот репрезентативец, капитен и воедно селектор Лазаров кој во реваншот „испука“ пет гола од шест обиди со што беше втор стрелец зад Монар со шест погодоци.
Classic @LazarovKiril7 leading the charge for @HBCNantes in their #ehfel highlight clash with @FuechseBerlin! 👑 pic.twitter.com/m17wkItjIi
— EHF European League (@ehfel_official) April 5, 2022
Кај поразените дури четворица ракометари дадоа по пет голови и тоа Андерсон, Марсениќ, Вујовиќ и Линдберг.
Нант ќе се соочи со Магдебург на 26 април и 3 мај.
-
Шпанијапред 6 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 10 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 9 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 7 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Шпанијапред 5 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ