Лазаров прв стрелец, Нант падна во Унгарија

kire lazarov

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров беше расположен на денешниот меч против Пик Сегед во Лигата на шампионите, но и неговиот одличен настап не донесе поволен резултат за Нант на гостуавњето во Унгарија.

Французите водеа и имаа контрола на резултатот во најголемиот дел од средбата, но во финишот домаќините собраа сили и успеаја да направат пресврт и да ја забелажат втората сезонска победа во елитното натпреварување.

Бодо со 8 гола се истакна кај Сегед, кај Нант блескаше нашиот Лазаров со шест голови од седум обиди.

Facebook Коментари