Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Противниците ќе не гледаат со други очи, но сакаме да го имаме тој сладок проблем

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Македонската ракометна репрезентација дојде до вториот триумф на Светското првенство кое се одржува во Данска, Норвешка и Хрватска.

Нашиот национален состав беше подобар од селекцијата на Катар со 39:34 и со тоа дојде до првите бодови во новата фаза на шампионатот. Ова беше издание од кое можеме да биде задоволни, задоволен е и селекторот Кирил Лазаров кој е свесен дека по добрите партии и противниците ќе не гледаат со други очи.

-Така размислуваме сите, атмосферата е така и треба да ја прифатиме. Ние (Македонеците) знаеме да се опуштиме по успех, тоа сме го покажеле многупати и ќе биде тешко да ги задржиме играчите во овој фокус играчите. Нема да биде воопшто лесно, а и противниците ќе не гледаат со други очи, но тоа е работа на стручниот штаб, сите репрезентации го имаат тој сладок проблем.

-Задоволен сум од се што досега прикажавме, можеме да жалиме за некои работи, ама тоа е данок на неискуство. Видовте и денес во три-четири наврати пропуштивме да го решиме натпреварот, тоа е тоа неискуство на помала, помлада репрезентација, да играме со подобра репрезентација ќе го платиме данокот и затоа во некои ситуации бев нервозен, треба да учиме од такви ситуации.

-Благодарност до медиумите, играчите, македонската јавност и навичите кои се тука за ова првенство на кое ни останува уште еден меч со Франција, Треба да се одмориме, утре нема да тренираме, ќе се обидеме да го дадеме нашето најдобро издание против една од најдобрите селекции на светот, -истакна Лазаров.

Дуелот со Франција е закажан за в сабота во вечерниот термин од 20:30 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни