Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров пред Собранието на РФМ: Безрезервна поддршка за Мукаетов

Објавено

на

Македонската ракометна федерација и во иднина ќе биде предводена од Живко Мукаетов, а новиот мандат ќе биде официјализиран на претстојното Собрание на федерацијата.

На инсистирање на сите клубови, досегашниот претседател ќе добие нов мандат, па со тоа и натаму можеме да очекуваме позитивни работи на македонската ракометна сцена.

По ваквата позитивна вест, своја поддршка изрази и капитенот на нашата репрезентација, Кире Лазаров, кој го поздрави ваквиот епилог во пресрет на Собранието.

– Сакам да изразам безрезервна поддршка и одобрување за одлуката на господинот Живко Мукаетов да се кандидира за нов четиригодишен мандат на чело на Ракометната федерација на Македонија.

– Под негово водство се изградивме како сериозна федерација, уште повеќе го издигнавме нашиот национален спорт и верувам дека тој процес ќе продолжи, – истакнал нашиот најдобар ракометар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни