Поврзете се со нас

Европски купови

Лазаров пред новиот европски предизвик за Алкалоид: Наша цел е победа, но за тоа треба да одиграме

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Македонскиот ракометен прволигаш Алкалоид им се враќа на обврските на меѓународната сцена и тоа со пресметка против Вест Виена во Европскиот ЕХФ Куп.

Алкалоид во претходната рунда го надигра Клаипеда Драгунас од Литванија и сега се надева на таков епилог и во соочувањето со австрискиот претставник со кого клубот од Автокоманда двете средби ќе ги одигра на домашен терен во петок и сабота во терминот од 19 часот.

-Второто коло го поминавме против незгодна литванска екипа. Сега добивме за противник доста воиграна екипа, која е составена од младински репрезентативци од Австрија, тим против кого нашите младинци одиграа ова лето нерешено. Противникот е технички добро подготвен и трча многу добро. За нас како тим тоа ќе биде одлично бидејќи играме ист ракомет.

-Гледачите во рок од 48 часа ќе можат да гледаат два добри мечеви. Наша цел е победа, но за тоа треба да одиграме. Мораме да бидеме максимално сериозни во пристапот, наша цел е да го надоградуваме нашиот систем. Се надевам дека ќе има што повеќе публика во Автокоманда. Овие момци во периодот во кој измина заслужија да имаат поддршка особено на европските натпревари, порача тренерот Кирил Лазаров.

Краток и јасен беше и десниот бек Мартин Серафимов.

-Успешниот старт на Европскиот Куп, ни следат два меча на домашен терен со Вест Виена. Подготвени сме да ги исполниме обврските и да го прифатиме предизвикот и секако да ги добиеме натпреварите. Се надевам дека ќе има поддршка од публиката, -истакна македонскиот репрезентативец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни