Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)

Објавено

на

Кирил Лазаров како селектор на најсилната македонска репрезентација денеска го објави поширокиот список на ракометари на кои првично ќе смета на подготовките за Европското првенство, турнир на кој нашата селекција се најде во група со Германија, Франција и Швајцарија.

На списокот на селекторот се најдоа 35 ракометари, а доста интересен за јавноста е оној последниот, талентираниот 17-годишен ракометар, Николас Најденовски.

Се работи за ракометар со шведски пасош и тој има настапувано за младинските категории на Шведска, па сега останува да видиме дали ќе остане во списокот и по правењето на првиот рез од страна на Лазаров.

Распоред и термини на одигрување на натпреварите на Македонија на ЕП во Германија:

10.01.2024 ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 18:00 часот

14.01.2024 МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА 20:30 часот

16.01.2024 МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 18:00 часот

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни