Лазаров: Потребен ни е специјален тренер за „зицери“

kire vs rusija

Македонската репрезентација доживеа нов пораз на Светското првенство, четврти во низа и тоа во разигрувањето за пласман од 13. до 16 место на овој мундијал или популарниот „Президент Куп“.

Подобра од нас денеска беше селекцијата на Русија која не победи со 30-28. Повторно ни се повторија некои ситуации од претходните мечеви, а тоа по средбата јасно го потенцираше капитенот Кире Лазаров кој и денеска беше нашиот најдобар ракометар.

-Повторно истата приказна, противничкиот голман е најдобриот играч на натпреварот. Тоа се случи и денеска. Ние доаѓавме до шанси, не реализиравме. Имавме расположени играчи, имавме игра, имавм се, ама Русија е квалитетна репрезентација која на овој шампионат има само изненадувачки пораз од Бразил и од Франција во последните десет секунди. Не е срамота да се загуби од нив. Загрижува тоа што доаѓаме до позиции, а немаме реализација, па најверојатно ќе ни треба специјален тренер за зицери, еден на еден, очи во очи со голманот. Малку да се пошегуваме во поразот, да бидеме позитивни. Ние го дадовме максимумот, има позитивни работи, има и негативни кои треба да се поправат. Јас се уште тврдам дека полека личиме на репрезентација која што има систем и знае што прави, кога ќе изгуби знае што изгубила и кога ќе победи исто знае зошто тоа е така. Ни фалат двајца-тројца посикусни играчи кои можеа да бидат од тимот на ова СП. Се надевам ќе бидеме попаметни во иднина и ќе научиме од грешките. Човекот учи додека е жив, ако сме интелегентни можеме да поправиме некои работи, -истакна Лазаров кој најави максимално залагање и на утрешниот меч за 15 место без разлика на тоа кој ќе биде противникот (Катар или Чиле).

-Ќе го дадеме максимумот, тоа го ветувам. Ќе одиграме квалитетно, ќе пробаме да победиме. Секогаш е убаво да се заврши победнички, а потоа да се направи една добра анализа и да одиме напред. Македонија е ракометна нација и не смееме на нашите Македонци да им го одземеме задоволството да не гледааат на големи натпреварувања, -заврши Кире во своето излагање за МТВ.

Facebook Коментари