Поврзете се со нас

Свет

Лазаров погоди шест пати во француското ракометно дерби

Објавено

на

Денеска се одигра еден натпревар во француската ракометна лига и стануваше збор за големото дерби, во кое Нант и Аикс ги поделија бодовите во крајно возбудлив и израмнет дуел.

Домашниот Нант отвори подобро и првото полувреме го приведе во својата корист со 13:10, но со идентичен резултат ги загуби вторите 30 минути, што значеше конечни 23:23 и поделба на пленот.

Кирил Лазаров беше нависитна активен во текот на целиот меч и испрати 10 удари кон противничкиот гол, од кои шест завршија во мрежата на голманот на Аикс.

Македонскиот капитен имаше три реализации од пенал, а поефикасен од него севкупно на мечот беше само Ривера со седум погодоци.

Нант останува петтопласиран на табелата и пропушти шанса да му се доближи на Аикс, кој останува со четири бода повеќе на третото место во француското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни