Поврзете се со нас

Светски првенства

Лазаров по убедливиот пораз од Египет: Не очекував ваков резултат

Објавено

на

Светското првенство во Египет има посебно значење во кариерата на македонскиот капитен Кире Лазаров, но настапот на актуелниот мундијал засега е вистинско разочарување и за нашиот најдобар ракометар.

Лазаров денеска беше поштеден во вториот дел во тешкиот пораз од Египет, а капитенот по натпреварот не криел дека е разочаран од настапот на репрезентацијата и резултатот 38:19 во корист на домаќинот.

– Не очекував ваков резултат, сите во националниот тим сме разочарани.

– Египет е добра репрезентација, но пораз од 20 голови не е достоен за Македонија. Изненаден сум од ваквиот епилог, – изјавил Лазаров за медиумите кои се присутни во Каиро.

Македонија има два пораза во два одиграни натпревари, а останува уште пресметката со Чиле против кого ќе бидеме фаворити и покрај досегашниот негативен впечаток.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни