Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров по триумфот над Чешка: Посебно ми е драго за двајца репрезентативци

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на следното Светско првенство, а селекторот и капитен Кире Лазаров во првиот коментар го истакна задоволството од победата на сериозен ривал како Чешка.

Искусниот Лазаров посебно го истакна придонесот на Филип Талески и Филип Кузмановски, кои одиграа одлично во плејоф натпревари.

– Мислам дека победивме заслужено, демонстриравме квалитет, го исполнивме договорот и идејата да го приведеме натпреварот до крај како што треба без разлика на предноста.

– Направивме голема работа, одигравме четири квалитетни натпревари против одличните Романија и Чешка и на крајот ја остваривме целта. Мора да признаам дека на оваа средба малку паднавме малку физички, но тоа е разбирливо бидејќи голем дел од играчите играат европски купови и заморот се чувствтува.

– Пресреќен сум, ова е голем резултат за Македонија, го одржуваме континуитетот за настап на големите натпреварувања. Можеби бевме скептици што ќе се случува без Лазаров и Миркуловски, но јас сметам дека имаме реални шанси и за пласман на следното Европско првенство.

– Посебно ми е драго ми е за Талески и Кузмановски, ги чувствувам како мои деца, се поставив како татко кон и во најтешките моменти, честитки за нив двајца, – изјави Лазаров по триумфот во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни