Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров по поразот од Словенија: Ова е уште една лекција за нашиот менталитет

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација загуби од Словенија на денешниот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство, а избраниците на Кире Лазаров не ги искористија одличните дваесетина минути од почетокот на средбата во кои доминираа против квалитетниот ривал.

Селекторот Лазаров по натпреварот се обиде да ги издвои најважните моменти од натпреварот, потенцирајќи дека нашите репрезентативци биле разочарани поради минималната предност на полувремето..

– Одигравме одлично во првите 20 минути, бевме предобри и не заслуживме да водиме само со еден гол на паузата.

– Момците беа разочарани, а во вториот дел се почувствува дека имаме послаба ротација, денеска ни недостасуваше и Никола Марковски.

– Нашата цел е пласман на ЕП, утре можеби ќе жалиме затоа што можевме подобро. Тешко е да држиш Македонец свесен и трезвен по добар резултат, ова треба да биде уште една лекција за нашиот менталитет, – изјави Лазаров.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни