Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров по одличното селекторско деби: Се исплатеше храбрата игра и вербата во младите

Објавено

на

Кире Лазаров може да биде горд и како предводник на македонската репрезентација на теренот, но и како нов селектор, откако тој и неговите избраници ја победија Данска во Скопје.

Триумфот над актуелниот светски шампион е потврда за промените кои ги донесе Лазаров со преземањето на функцијата, а по натпреварот тој не го криеше задоволството од епилогот.

– Сакам да им се заблагодарам на моите играчи или соиграчи, затоа што го исполнија она за што се договаравме пред натпреварот.

– Одигравме храбро против Данска. Многу ми е драго и за младите, верував во нив иако често беа критикувани, знам дека тие се иднината на репрезентацијата и ќе добијат поголема шанса и на следните натпревари.

– Цел живот сум напаѓач, но изминативе денови многу работевме на одбраната и мислам дека тоа се почувствува на натпреварот. Благодарност до навивачите што веруваа во нас, сега треба да одмориме и да се подготвуваме за следниот натпревар, – изјавил Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни