Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лазаров по историскиот рекорд во ЛШ: Сите успеси во кариерата се заслужено остварени

Објавено

на

Француски Нант направи сензација пред два дена во Лигата на шампионите и го елиминираше фаворизираниот Кјелце во осминафиналето, откако оствари победа на гостувањето во Полска од 31:34.

Кирил Лазаров постави ракометна историја во Лигата на шампионите со самото тоа што стапна на теренот во Полска, бидејќи стана играч со најмногу настапи во историјата на најелитното натпреварување со 250 настапи, оставајќи зад себе на вечната листа гигантски имиња како Арпад Штерби (249) Тјери Омејер (240), Никола Карабатиќ (237), Калман (225) и Тимур Дибиров (216).

Покрај новиот во низата рекорди, Лазаров одигра круцијална улога со неколку вонсериски асистенции и четира гола во огромната победа на Нант, по што даде изјава за француските медиуми по повод пласманот во четвртфиналето и најавениот двомеч со Веспрем.

– Духот и ентузијазамот кој ми го дава Нант ми помогна да се развивам во секој поглед. Таквото размислување ни помогна да го елиминираме Кјелце, тим кој беше еден од фаворитите за висок пласман во Лигата на шампиони. Испишавме историја, иако никој не очекуваше такво нешто од нас. Ние заслуживме да победиме против полскиот тим, – изјави Лазаров кој го искоментира и новиот рекорд.

– Секогаш имам високи цели и ги сакам големите предизвици. Рекордите се резултат на напорната работа и можам да кажам дека сите успеси кои ги постигнав во кариерата се заслужено остварени, – додава Кире.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни