Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров пишува автобиографија: Ова ќе биде инспирација и мотивација за новите генерации

Објавено

на

Нашата ракометна легенда и воедно во моментов предводник на националниот тим, Кирил Лазаров ќе издаде автобиографија за својата богата кариера.

Кире долго време е на големата сцена, има настапувано за големи клубови, освоено многу титули, признание, има фантастични настапи за репрезентацијата, срушено многу рекорди, а сето тоа и целата таа приказна сега ќе биде заокружена со автобиографија која ја пишува со Жика Богдановиќ кој е еден од надобрите новинари за ракомет на овие простори и пошироко.

-Со многу ентузијазам и енергија влегов во проектот за пишување на автобиографијата. Несебично се вложив и кажав некои работи кои би можеле да им послужат на сите генерации, особено новите да видат дека патот до врвот е тежок, а уште послатко е чувството кога си таму.

-Ми требаше многу време и енергија да се потсетам на најинтересните ситуации во кои се најдов во овие 30 години од ракометната кариера. Уверен сум дека вистинските и конкретни примери ќе бидат од корист на младите во Македонија, Балканот и цела Европа. Ова е ново искуство за мене. На работата на книгата и пристапив со огромна гордост и задоволство, -истакна Лазаров.

Автобииграфијата на Кире треба да биде готова до крајот на оваа календарска година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни