Лазаров со „петка“ ја отвори сезоната во Франција

kire dodava

Кирил Лазаров во оваа натпреварувачка сезона ќе игра за Нант, тим со кој веќе го освои пехарот „Трофеј на шампионите“, а пак вечерва имаше позитивен старт на сезоната во францускиот шампионат.

Нашиот капитен и бомбардер беше најефикасен и постигна пет гола (исто колку и Давид Балагер) за својата екипа во победата на гостувањето кај Маси Есон со 28-22. Во првиот дел Кире и другарите направија шест разлика, откако одиграа фантастично во одбраната (13-7), а пак вториот дел беше чиста рутини за задржување на поволниот резултат.

Сега за францускиот прволигаш следува мечот со Пик Сегед во Лигата на шампионите и тоа в недела до 19:30 часот.

Facebook Коментари