Лазаров перфектен, Нант дојде до „седум од седум“

lazarov

Најдобриот македонскио ракометар Кирил Лазаров и Нант продолжија да нижат победи во првата лига во Франција, односно  и понатаму држат темпо за максимален учинок или во случајов „седум од седум“.

Нова жртва на Кире и другарите беше составот на Истрес кој пред своите гледачи доживеа пораз од 35-32. Европскиот вицешампион дојде до одлична предност во првиот дел (21-16) по што без проблеми го одработи продолжението од натпреварот.

Турна со 9 голови беше прво име кај Нант за кого пак Кире имаше перфектни пет од пет.

Во следното коло Нант е домаќин на Шамбери.

Facebook Коментари