Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров: Паднавме на договорени работи, Црна Гора има подобри индивидуалци, но…

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Македонија претрпе пораз од Словенија во првиот меч на Европското првенство кое се игра во Унгарија и Словачка.

Нашиот национален тим остави позитивен впечаток, но според селектор Кирил Лазаров има доста работи кои мора да се поправат, работи и задачи кои биле договорени, ама не биле исполнети на теренот.

Намерно не го изгледав натпреварот пред да заспијам и добро направив. Пред да дојдам да се видам со вас изгледав триесет минути. И покрај тоа што владее задоволство, позитивни вибрации, многу работи во првото полувреме што ги договаравме, повторувавме, не ги исполнивме, а пак бевме блиску. Вчера размислував да бидам благ со нашите репрезентативци. По ова имаме видео анализа и сепак морам да им укажам на грешките, индивидуални и колективни.

Се договаравме да не ги понесат емоции и да бидат фокусирани на договорот и да го оставиме шлагот, славењето за крај. Сепак се работи за млада и неискусна екипа и едноставно треба да станат победници и тоа малку ме загрижува. Паднавме на договорени работи, не ги исполнивме. Сепак оставивме позитивен впечаток кај јавноста и тоа ми се допаѓа, но од друга страна не сакам тоа да не успие. Сакам да бидеме уште подобри и да си дадеме задача како колектив да бидеме подобри против Црна Гора.

Не ме плашат ниту Црна Гора, ниту Данска. Јас реков дека ние не треба да се оптоваруваме со противниците туку да ја играме нашата игра, да се надградуваме. Од нас зависи дали ќе остваруваме добри резултати во иднина. Противниците секогаш ќе бидат таква какви што се ќе бидат се појаки и појаки, бидејќи сите во Европа играат веќе квалитетен ракомет.

Влезени сме во систем, мораме од ден на ден да бидеме подобри. Фокус и концентрација е првото нешто што го барам од играчите, низ сите 60 минути. Ме водат и мене емоциите, сакам да се израдувам, но имавме премногу добри и лошо работи во краток период. И кај Кузмановски, Талески, Ѓорѓиев, Велковски и кај поискусните играчи. Ќе им го пренесам ова на еден позитивен начин и тие треба тоа да си го стават во глава. Јас им давам задачи, -истакна Лазаров кој потоа говореше за утрешниот противник во Дебрецин.

Не сакам да ја потценам во ниту еден случај Црна Гора. Има таму индивидуалци подобри од нашата репрезентација, но како колектив смем оти сме подобри. Не сакам да ги отворам картите, имаме согледано некои работи. Дополнително ќе ги анализираме. Никогаш не се знае. Вчера не требаше да играат ниту Шеваљевиќ, ниту Мишковиќ, а беа во состав. Тие имаат позитивни, ние имаме позитивни. Чудна ситуација, не знаеме што да очекуваме. Се се менува од ден на ден и мора на тоа да се прилагодуваме, – заврши Кире.

Средбата Македонија-Црна Гора се игра утре од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни