Репрезентација
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Македонската ракометна репрезентација не успеа да оствари позитивен резултат на вториот натпревар на Светското првенство на кој претрпе пораз од Холандија со 37:32.
И оваа средба како и онаа првата со Унгарија ја одигравме борбено и машки низ сите 60 минути, проблем беа техничките грешки, ама и судискиот критериум на Jeспер Хансен и Мадс Хансен, судискиот пар од Данска кој досуди двоцифрен број на пенали против нас.
Селекторот Кире Лазаров едноставно смета дека под овие услови не можело да се извлече нешто повеќе и покрај големата желба кај ракометарите и стручниот штаб, но и навивачите, јавноста.
-Јас уште вчера ви кажав дека не очекува една тешка борба, знаев што не очекува, да бидам искрен очекував позитивен резултат со тоа што требаше да ги искористиме нашите навивачи, целата атмосфера, самодовербата на играчите, меѓутоа сметката не е секогаш иста дома и на пазар. Секој ден е различен, секој натпревар е различен, мечот излезе од контрола, ова личеше на се, само не на натпревар од едно големо натпреварување како што е Светско првенство.
-Колку да не сакам да зборувам, да се правдам, кога се има 12 пенали колку и да се добри, да имате толку исклучувања, тешко е како тренер да го водите тимот, ние скоро 20 минути игравме со играч помалку. Тешко е нив и така да ги браниш, а не со играч помалку. Јас им кажав на момците дека треба да играме цврсто, да се бориме, да имаме што помалку исклучувања и по цена да примиме гол. Со толку исклучувања, толку пенали е тешко да се игра, ти го пореметува целиот концепт на игра. Можеби тие се подобра репрезентација, но ние гледавме наша шанса. Не треба да се разочаруваме, да одмориме и ја победиме Гвинеја, -порача Лазаров.
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет13 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција11 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони15 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Италија9 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста