Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров: Ова е старт од соништата, ама цврсто стоиме на земја

Објавено

на

Од Загреб за „Дерби“
Александар Табаковски

Нашата сениорска ракометна репрезентација истовремено се рехабилитира по победата над Црна Гора и се подготвува за дуелот со Германија кој е на програмата утре од 18:15 часот во Загреб.

Капитенот Кирил Лазаров е задоволен од досега оствареното на овој шампионот, но верува дека имаме што да кажеме и против Германците иако важат за фаворити на хартија.

– Ова е старт од соништата за едно ЕП. Два натпревари, две победи против квалитетни противници како Словенија и Црна Гора. Одигравме тешки натпревари во кои во сите 60 минути не се знаеше победникот, се одлучуваше во последната минута. Тоа ни дава надеж на последниот меч да настапиме со уште поголема самодоверба која ја стекнавме во овие 120 минути играјќи одлучувачки топки во последните секунди за да стигнеме до она што го посакувавме-победата. Со соиграчите се е во ред, не се чувствува некој поголем замор, но многу полесно е кога се победува затоа што тогаш нашите мисли се позитивни и уморот побрзо исчезнува. Стоиме цврсто на земја, знаеме со кого треба да играме, Германија европски шампион. Тоа е можеби најдобрата репрезентација на шампионот ако се погледне ростерот и играчите. Ама вчерашниот меч на Словенија и Германија ни дава право размислуваме и да се надигруваме против една таква Германија, не треба да се оптеретуваме со името на противникот. Напротив треба да ја играме нашата игра, во периодот до мечот треба да се одмориме и подготвиме. Има што да поправиме од вчера, победивме ама имаше одредено незадоволство кај сите нас што покажува дека сме искусни и свесни дека можеме да бидеме подобри.

– Вчера ми е посебно драго што во нашиот краток квалитетен ростер добивме нови играчи кои што можат да помогнат и ќе бидат од круцијално значање за остатокот од ЕП. Тоа за нас кои минуваме подолго време на теренот е многу важно, да растеретат, на противниците да им биде многу потешко, да размислуваат и да се подготвуваат за повеќе играчи и тоа е еден голем плус. Имаме историјат со Германците на СП, нека биде обратно на ЕП, -заврши Киро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни