Поврзете се со нас

Македонија

Лазаров откри до кога ќе игра за Македонија и го посочи најважниот тренер: Благодарен сум и на судбината што ме спои со него!

Објавено

на

Кирил Лазаров е ракометна величина на светско ниво и неговото влијание во спортот направи да биде препознаван како еден од најдобрите бекови во историјата на ракометот, а таквиот статус му овозможува да биде предмет на исцрпни интервјуа како што е она последното за познатиот руски портал „Брз Центар“.

Во текстот на реномираниот ракометен медиум, Кире Лазаров е претставен како човек кој во Македонија има многу поголемо значење и влијание од претседателот на државата, но македонскиот „бомбардер“ дава и свои интересни изјави поврзани за неговата блескава играчка кариера, како и за плановите кои ги има околу националниот тим.

Актуелниот играч на Нант ги освои сите важни титули на клупски план и соработуваше со огромен број врвни ракометни имиња, но сепак на врвот на неговиот пиедестал е Лино Червар, човек кој Кире очигледно најмногу го почитува.

– Благодарен сум и на судбината што ме однесе и што ме спои со Лино Червар. Тој не е само одличен теренер, туку и одлична личност која имаше огромно влијание врз мене во секој поглед. Да, тој многу бара од вас и не може секој да воспостави идеална комуникација со него. Но, ако ги следите неговите препораки, тренирате претпазливо и бидете трпеливи, тогаш успехот сигурно ќе дојде. Лино ја цени искреноста, напорната работа и храброста. Таквите квалитети се својствени за победниците, а Лино е токму тоа, – вели Лазаров.

Во самиот крај од интеврјуто, Кире потенцира дека ќе и стои на располагање на селекцијата се додека младите ракометари имаат корист од него, па не отфрла да игра и во иднина без оглед на тоа што набрзо ќе наполни 41 година.

– Подготвен сум да играм за репрезентацијата се додека можам да бидам корисен. На младите играчи им ветив дека ќе бидам со нив се додека им бидам потребен. Националниот тим беше добар пред мене, а ќе остане добар и после мене. Не треба да ја правиме истата грешка како во 2000-та година. Тогаш цела генерација на Пепи Манасков се повлече и нас младите не фрлија на отворено море, поради тоа загубивме десет години. Не смееме да заборавиме дека ракометот е број еден национален спорт во Македонија и треба така да остане, – потенцира Кире.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни