Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров: Откако сум јас селектор, постојано ни се случува истото на секој натпревар

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Неверојатниот пад на психолошки план во второто полувреме и големиот број почетнички грешки беа причина за непријатниот пораз од Црна Гора на Европското првенство, турнир од кој полека се збогуваме и на кој последниот меч со Данска ќе биде само од ревијален карактер за нас.

Двата порази на стартот на натпреварувањето значат дека Македонија нема ниту теоретски шанси за пласман во втората фаза, па очекувано е што селекторот Кирил Лазаров беше разочаран од епилогот, особено од виденото на мечот со Црна Гора кој го загубивме со 28:24.

– Самите забележавте дека направивме голем број грешки, не може ниту да се пребројат грешките. Бев немоќен да реагирам, се случуваше како на филм, од грешка во грешка. Тоа го направија играчи кои играат во клубови кои играат ЛШ, Бундеслига и останати добри првенства и тоа навистина не смеат да си го дозволат. Ова нема ништо врска со страгегијата, играчите носат одлуки на терен и тие погрешија. Ние ги подготвивме, но тие го имаат последниот збор на терен.

– Имавме психолошки блок, бевме немоќни, како да ни се скрати видикот на терен, немавме идеи. Не можев да реагирам, се почувствував немоќно, едноставно не знаевме што правиме на терен. Се почуствува голем притисок кога се вративме, но сакавме пребрзо да се вратиме. Наместо да се посветиме на одбрана, ние цело време бркавме резултат.

– Евидентно е дека треба да учиме, да тренираме и да продолжиме да работиме напорно. Не сакам да барам алиби, не сакам оправдувања, но денеска за Столе дознавме во последен момент, а неизвесен беше и Митревски до последен час. Црногорците се прилагодија подобро од нас на оваа ситуација, нас ни недостасуваа седум или осум играчи. Покрај мене и Стоилов, тука се и Манасков, Марковски, Младеновиќ, Ојлески и други. Ни се случија многу работи, но тоа не е причина да се бара алиби. Ја загубивме главата на теренот, сакавме да победиме брзоплето, на македонски начин.

– Во подготовките работевме и со психолог, но и тоа не се покажа како доволно во клучните моменти. Ова се професионалци и мора сами да продолжат да работат и да се надградуваат. Како тренер, јас уште повеќе ја чувствувам поддршката од навивачите и за нив ми е најмногу жал. Откако сум јас селектор, мора да забележам дека на секој меч најдобар играч е противничкиот голман. Со Словенија тоа беше Базник, сега Симиќ, претходно Ландин против Данска. Мора да престанеме да ги разбрануваме голманите. Следна цел ќе биде да се комплетираме во блиска иднина и да се пласираме на следното Светско првенство. Кога ќе се соберат и одземат работите, ни се случија многу работи, но имаше и дежа-ви. Сметам дека судиските одлуки не беа на наша страна и против Словенија и денеска и најмногу ми е жал за навивачите кои дојдоа во голем број да не бодрат тука, – изјави Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни