Поврзете се со нас

Европски првенства

Лазаров: Одржав говор по поразот од Германија, ова е најдоброто од Македонија!

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Берлин, Ристе Влахов

Кирил Лазаров ги посочи подарените топки како клуч за убедливиот пораз од Германија на вториот натпревар на Европското првенство, па во ситуација кога стана јасно дека веќе немаме шанси за пласман во втората фаза, сите во нашата репрезентација со мислите се кон последниот меч во групата.

Уште пред да отпатува нашата ракометна експедиција за Диселдорф, беше јасно дека единствената шанса за победа ќе ја имаме против Швајцарија, а после двата високи порази од фаворитите Франција и Германија, сега не чека натпревар за престиж без посебно резултатско значење.

Селекторот верува во своите избраници и тврди дека ова е најдоброто што го има Македонија во овој момент, па се надева дека напорната работа ќе биде прикажана и на дело на дуелот кој се игра веќе утре.

– Ако имаме шанса да бидеме компетитниви и да бркаме победа против една селекција во оваа група, тоа треба да биде Швајцарија. По поразот од Германија одржав говор, им кажав на момците да ги оладат главите, да мислат позитивно. Што било – било, поминало. Им кажав дека најважно е да се средиме, да отспиеме, да одмориме, да го искористиме денот кој го имаме. Да го подготвиме натпреварот и да го дадеме најдоброто од себе, на индивидуално и на колективно ниво. Да пробаме да бидеме компетитивни и да се бориме за позитивен резултат на ова Европско првенство.

– Швајцарија изненади со Франција, се бореше со една голема селекција и извлече бод. Тие потфрлија против Германија кога загубија со 13 разлика, но ние се гледаме себе. Јас секогаш верувам во изненадувања, верувам во победи без разлика на противникот. Треба само да ги средиме главите и да веруваме во она што го работиме. Ние сме репрезентативци, ова не е клуб. Ова е најдоброто што го има Македонија во овој момент, најдоброто од нашата земја. Мислам дека имаме квалитет, имаме сила и ќе се обидеме да се покажеме во подобро издание и подобро светло против Швајцарија, – изјави Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни