Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров образложи зошто Талески и Митревски не се повикани за стартот на квалификациите за ЕП

Објавено

на

Македонската сениорска ракометна репрезентација почнува нов циклус на квалификациите и тоа за Европското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Националниот состав се собра, а селекторот Кирил Лазаров даде одговор на најважното, најинтересното прашање, а тоа е отсуството на стандардните Никола Митревски и Филип Талески. Искусниот голман и членот на Бенфика не се најдоа на списокот за дуелите со Естонија и Литванија закажани за 6 и 10 ноември.

-Ние започнавме еден процес на подмладување на репрезентацијата и истиот мора да се доврши. Мислам дека се појавуваат нови играчи, млади и добри кои во своите клубови покажуваат квалитет и ги носат нивните екипи до добри резултати. Од никого не се откажуваме, напротив имаме потреба од играчи. Сепак радува фактот што имаме можност да бираме. Сите ќе бидат во комбинација за настап за СП кое се игра во јануари.

-Што се однесува до Никола Митревски, мислам дека имаме млади, квалитетни голмани кои треба да добијат шанса. Да видиме како ќе се однесуваат кога ќе имаат поголема одговорност и зад нив нема еден голем голман од калибарот на Митревски. Сакам да видам како тоа ќе изгледа на овие два натпревари.

-Кога е во прашање Талески, тој е квалитетен, добар играч, но во последно време на Европското и Светско првенство и на другите официјални натпревари мислам дека не покажа доволно квалитет, во доволно квалитетно издание. Затоа се решив во моментов да дадам шанса на други играчи, како што е Павле Атанасијевиќ. Можеби малку ќе го промениме концептот на игра, ама тоа не значи дека во иднина нема да биде повикан. Тоа е моја одлука, идејата е да создадеме квалитетна репрезентација, да пробаме да бидеме компетитивни со најдобрите. Дали ќе успееме…но мислам сме на добар пат, -рече Лазаров кој не ги потценува Естонија и Литванија.

-Искуството како играч и тренер ми кажува дека секогаш треба да бидеме внимателни. Имаме доста материјали од двете селекции, јас сум доброо подготвен. Имаме доста инфоормации. Ќе видиме како ќе се однесуваат нашите ривали. Не бегаме од фаворитската улога, мислам дека ќе биде многу потешко против Литванија, сериозна селекција, репрезентација со традиција. Очекувам тежок и неизвесен натпревар во Вилнус,  -истакна селекторот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни