Лазаров: Обожавам да играм за Македонија, подобри сме од 2009 година

kire lazarov dec2017

Останаа уште неколку денови до стартот на Европското првенство во Хрватска од кое дел ќе биде н нашата ракометна репрезентација.

Нашите ракометари се во групата Ц заедно со Словенија, Црна Гора и Германија, а резултатот кој ќе го оствариме во оваа група како и на шампионатот многу ќе зависи од капитенот Кирил Лазаров, од нашата гол машина која пред големиот настан даде интервју за официјалната веб-страница на ЕП.

– Ова е возбудлива и специјална група која нема аутсајдер. Со три балкански репрезентации и бранителот на трофејот, се може да се случи ако се земе во предвид поддршката која ќе ја добиеме ние, балканците во Хрватска. Меѓутоа Германија останува голем фаворит, -рече Лазаров коментирајќи зошто е толку специјално да се игра против актуелните шампиони.

– Бидејќи Германците имаат голем број на фантастични играчи кои се дел од најдобрите клубови во Европа со значајни улоги. Во Бундеслигата секоја недела има неизвесни мечеви, па Германеците знаат како да играат на важни натпревари и поради тоа тие за мене не се само фаворити во групата, туку за освојување на трофејот.

Капитенот воедно проговори и за нашите амбиции.

– Имаме одличен микс на млади и искусни играчи, плус имаме топ тренер Раул Гонзалез. Едвај чекам да започне шампионатот, бидејќи се чувтвува голема мотивација за докажување и надигрување. Се надевам дека ќе имаме голема поддршка во Загреб. Се недавам Хрватска пак ќе биде одлична за нас, според мене имаме далеку поискусна екипа од таа од 2009 година, -истакна Кире оставајќи го најдобро за крај.

– Јас многу сакам да играм за мојата земја, да бидам дел од овој тим. Сакам да играм ракомет секој ден. Јас сум максимално мотивиран и константно сонувам да ги остварам сите цели што се уште не сум ги остварил. ЕП  е супер возбудлив настан за мене, тимот, за сите тимови, -заврши десниот бек.

Facebook Коментари